Утрински Весник
Македонија

Здружението „Цар Борис Трети“ избришано од Централниот регистар

Здружението „Цар Борис Трети“ избришано од Централниот регистар

По бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола, Централниот регистар го избриша и културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид.

dobivaj vesti na viber

Регистарот го избриша „Цар Борис Трети“ откако на 30 март министерот за правда, Кренар Лога, го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженијата и фондациите.

 

Одлуката на министерот следуваше откога Комисија за употреба на имиња на историски личности минатата недела даде негативно мислење со образложение дека именувањето на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженијата и фондациите донесени лани во ноември, но не го сторија тоа. Претходно беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец