Утрински Весник
Македонија

Здравствената состојба на Панчо се подобрува: Раните на телото ќе се залечат, ама лузните на душата ќе останат за навек

Panco Dnk.jpg

Здравствената состојба на Панчо се подобрува секојдневно, се надеваме дека наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување, за „Фокус“ открива близок соработник на дуото ДНК, чиј член Владимир Блажев Панчо речиси два месеца е хоспитализиран, по пожарот во Кочани.

– Физичките рани ќе заздрават, но душата на Панчо, и на сите кои изгубија свои блиски во пожарот, вечно ќе им гори. Никој ниту сакал, ниту пак можел да претпостави дека вакво нешто може да се случи. За жал, времето не може да се врати назад, вели соговорникот за Фокус.


И други блиски соработници на Панчо од естрадниот велат дека се уште се занемени од трагедијата и само се надеваат Панчо што побргу да се врати во својот дом, и да собере сили да продолжи со животот. Додаваат дека се свесни како никогаш животот нема да биде ист, ниту за Панчо, ниту пак за било кој што изгубил близок во пожарот, а поради сензитивноста на случајот, не сакаат да зборуваат јавно.

Целиот текст на Фокус.

Можете да прочитате

Нови казни за пешаци и возачи на тротинети: Објавени законски измени за безбедност во сообраќајот

Пресудата за модуларната болница во Тетово ќе се знае на 16. мај

Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка