Утрински Весник
Македонија

Здравковска од ЛДП: Пржино заврши – треба систем, а не функции

Violeta zdravkovska chlen na io na ldp.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја зацврстува својата позиција за итна модернизација на изборниот процес. Потребна е вистинска дебата со реални решенија од 21-от век. Виолета Здравковска, со своето долгогодишно искуство со телекомуникациите и дигитализацијата, упати јасна поддршка на тезата на претседателката Моника Зајкова – дека времето на технички влади и партиско манипулирање со изборниот процес е поминато, а иднината е во електронското гласање.


Здравковска, која доаѓа од реалниот сектор на дигитални технологии и е член на ИО на ЛДП, нагласува дека како држава веќе немаме изговори за одложување на овој процес. Според неа, овонеделната дебата за „Пржинска влада” е изместена и неповрзана со реалните проблеми и можности кои ги нуди 21-от век.

„Како човек кој секојдневно работи со користење на најсовремени технолошки системи, тврдам дека е крајно понижувачки за нашите граѓани да се убедуваат дека сме понеспособни од Естонците. Естонија е земја-близнак на Македонија по големина и тие гласаат електронски веќе две децении. Ако нашиот граѓанин може дигитално да функционира во Германија или Белгија, зошто некој го потценува дека не може тоа да го прави дома?”, прашува Здравковска.

Таа ја потврди пораката на Зајкова дека ЛДП не е заинтересирана за министерски лимузини и нови кабинети кои само го цедат буџетот, туку за воспоставување на систем кој е отпорен на малверзации. Здравковска истакнува дека технологијата е единствениот механизам кој нема партиска книшка и кој не може да биде уценет.

„Пржино како поглавје е затворено. Стравот од манипулација не. Неверојатно е дека единствено ЛДП понуди решение со електронско гласање. Ние имаме знаење, имаме поддршка од ЕУ и имаме биометриска идентификација како прв чекор. Единствено што фали е политичка волја кај големите партии да го тргнат фокусот од парадирањето и да воведат ефикасен систем”, децидна е Здравковска.

ЛДП јасно порачува дека ќе продолжи заедно со граѓаните да инсистира наместо трошење милиони за функции во држава која едвај го преживува секој инфлаторен шок, тие пари и енергија да се насочат кон електронско гласање – решение кое е модерно, европско и пред сè, достоинствено за македонскиот граѓанин.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Бујар Османи во посета на Брисел

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тоне во сервилност без крај и води лажна проевропска агенда