
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО во соработка со Општина Центар ги повикува сите родителите, идните родители и семејствата на онлајн информативна сесија кој се фокусира на најважниот аспект од животот: здравјето и благосостојбата на трудниците, новороденчињата и нашите деца.
Овој настан е можност идните и сегашните семејства да се стекнат со вредни сознанија од искусни здравствени работници, да постават важни прашања и да дознаат повеќе за создавање на здрава средина за нивните семејство. Без разлика дали очекуваат, од неодамна сте станале родител или едноставно сакаат да ја подобрат грижата за здравјето на семејството, оваа сесија за прашања и одговори има по нешто за секого!
Зошто да присуствувате?
- Стручни совети од водечки професионалци во педијатрија, гинекологија и акушерство
- Можност да поставувате прашања и да добиете одговор
- Зајакнете го вашето разбирање за бременоста, породувањето и грижата за децата
Панелисти:
- Проф. Др. Елизабета Зисовска, педијатар
- Доц. Др. Горан Кочоски, гинеколог
- Сања Буклишева, акушерка
Датум и време: 7 април, 18:00 часот
Локација: Онлајн https://calendar.app.google/zMmPTcTnnhBCupX87
Како да се регистрирате:
Кликнете на линкот подолу за да се регистрирате и искористетеја можноста да поставите прашања на кое ќе добиете одговор во тек на онлајн сесијата:
https://forms.gle/vqw5P4bfXtN87GvA9