Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Заврши казната за Роналдо, Варан го чека подолга пауза

Заврши казната за Роналдо, Варан го чека подолга пауза
Img 7972

Ерик Тен Хаг потврди дека Кристијано Роналдо ќе се врати во составот на Манчестер јунајтед на мечот од Лига Европа против Шериф Тираспол и во исто време посочи дека Рафаел Варан ќе биде надвор од тимот до крајот на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

37-годишниот Роналдо беше казнет со исклучување од тимот кога одби да влезе во игра при 2:0 победата над Тотенхем минатата среда и пред крајот на мечот си замина од стадионот, но во вторникот им се врати на тренинзите и Тен Хаг потврди дека ќе биде во тимот за дуелот против Шериф.

„Да, Кристијано ќе биде во тимот утре. Не беше тежок период, мислам дека веќе одговоривме на сите прашања. Беше надвор од тимот еден натпревар, но сега повторно е во тимот. Не мора да ме прашувате повеќе за тоа бидејќи нема да одговарам. Мислам дека мината недела доволно кажавме и сега имаме важен меч за да го освоиме првото место на табелата“, вели Тен Хаг.

„Ѓаволите“ ќе обезбедат математички пласман ако избегнат пораз од повеќе од еден гол разлика од Шериф, но главната цел ќе биде преземање на првото место од Реал Сосиедад следната недела со дуел во Шпанија. Тоа ќе биде еден од шесте меча во кои Тен Хаг нема да може да смета на Рафаел Варан пред паузата од Светското првенство по повредата на коленото.

„Тој сигурно ќе биде во аут до Светското првенство. Дали може да игра во Катар? Ќе треба да ја почекаме прогнозата и да видиме како ќе се одвива ситуацијата“, вели Тен Хаг.

Ова ќе биде шанса капитенот Хери Мегваер да се врати во првиот тим.

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона