Утрински Весник
Економија

ЗАВРШИ ЕДНОНЕДЕЛНАТА ПОСЕТА НА УЈП ОД СТРАНА НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА ПРИХОДИ НА ММФ ФАД

Ujp1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во периодот од 28 октомври до 1 ноември, Управата за јавни приходи имаше чест да биде домаќин на  Мајкл Харди и  Дмитриј Јегоров, претставници од администрацијата на приходите на ММФ ФАД. Целта на еднонеделната посета беше да се направи длабински преглед на зрелоста на клучните функции на даночната администрација, како и да се анализираат резултатите од претходните препораки за развој на капацитетите на УЈП.

За време на посетата, беа одржани бројни средби со новото високо раководство на УЈП, со кои активно се разговараше за имплементацијата на претходните препораки и приспособувањето на приоритетите за следната техничка помош.Посебно внимание беше посветено на развојот на стратегиите за обука и поддршка на тимовите, што покажува посветеност кон континуирано подобрување и адаптација на новите предизвици и проектите кои се дел од стратешките приоритети на УЈП.

Новиот сет предизвици и проектите кои произлегуваат од стратешките приоритети на УЈП беа во фокусот на разговорите. На завршниот разговор со директорката на УЈП, Елена Петрова, и со Комитетот за стратешко и реформско управување, посебно внимание беше посветено на иницијативите и проектите од новиот стратешки план на УЈП за периодот 2025-2027, како и на Реформската програма на УЈП за периодот 2025-2028 .

Оваа посета ја истакнува посветеноста на УЈП за континуирано подобрување на даночната администрација и за исполнување на стратешките цели, со цел зголемување на ефикасноста и транспарентноста во работењето.

Можете да прочитате

Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари

Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители

Заклучно со 30 ноември годинава во државниот буџет од даноци и придонеси собрани 3,97 милијарди евра