Утрински Весник
Македонија

Затворен за тешки товарни возила патот кон граничен премин Делчево

Zima 1.webp.webp

Патот до граничниот премин кон Република Бугарија кај Делчево е затворен за тешки товарни возила, информираа од подружницата на Македонија пат. За останатите возила сообраќајот се одвива непречено, со напомена дека за учесниците во сообраќајот задолжително е поседувањето зимска опрема.

Во Пијанечкиот регион сообраќајот на останатите патни правци се одвива по влажни коловози кои наместа во утринските часови беа под мраз.


Патот кон планината Голак, каде деновиве најмногу наврна снег во Делчевско, како што информираа од претпријатието е категоризиран како трет приоритет, поради што негово чистење е предвидено, во текот на наредниот ден.

Од претпријатието задолжено за одржување на патиштата апелираат дека патиштата се чистат по приоритети заради што апелираат внимателно возење и почитување на соодветната сообраќајна сигнализација.

Можете да прочитате

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат село Караорман – Штип

Сообраќајот прекинат на патот Караорман – Штип поради незгода

СДСМ: Протести во Скопје за Хаг, школото на Вучиќ за дефокусирање од темата за мигрантите