Утрински Весник
Македонија

Затворен за сообраќај превојот Плетвар, граѓани протестираат и во Битола и Кичево

Img 7715.jpeg

Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица  поради измените на ЗБСП, на крстосница за село Ореовец на планинскиот превој Плетвар, на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско. Патниот сообраќај е во прекин во двата правца. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.

Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје кон Охрид. Возилата се пренасочуваат преку регионалениот пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид кон Скопје е слободна за движење.

Протест на лица кои се против да им се одземаат возилата на тие што возатбез возачка дозвола попладнево има и во Битола, пред зградата на СВР Битола.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол