
Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица поради измените на ЗБСП, на крстосница за село Ореовец на планинскиот превој Плетвар, на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско. Патниот сообраќај е во прекин во двата правца. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.
Кај Касарната во Кичево блокирана е една сообраќајна лента во правец од Скопје кон Охрид. Возилата се пренасочуваат преку регионалениот пат за Осломеј, додека другата сообраќајна лента правец Охрид кон Скопје е слободна за движење.
Протест на лица кои се против да им се одземаат возилата на тие што возатбез возачка дозвола попладнево има и во Битола, пред зградата на СВР Битола.

