Утрински Весник
Свет

Застој на патните правци и прекини во авиосообраќајот во Холандија и Белгија

Dozd Sneg Vreme 585x431 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Снегот во Холандија предизвика сериозен застој на патните правци во текот на утринскиот шпиц, како и прекини во авиосообраќајот.

На патните правци ширум Белгија се формирани колони возила во должина од околу 800 километри, кои се движат бавно прилагодувајќи ја брзината на условите на патиштата, кои се прекриени со снег и мраз.

Поради снегот откажни се 20 полетувања и 20 слетувања на бриселскиот аеродром „Зевентем“, а повеќе стотици патници ноќта ја минаа во аеродромската зграда.

Аеродромската управа соопшти дека нејзините тимови работат на расчистување на пистите и на авионите од снег и мраз.

Белгиските медиуми јавија и дека проблеми со одвивањето на сообраќајот се бележат и во Холандија, каде покрај застоите на патните правци, регистрирани и се откажувања возови, а во некои градови не сообраќаат автобусите на јавниот превоз.

На амстердамскиот аеродром Схипхол се откажани најмалку 800 летови предвидени за минатата ноќ и денеска, поради што над илјада патници ја минале ноќта во аеродромскиот комплекс.

И во Холандија е прогласен портокалов метеоаларм, а холандската Влада им препорача на граѓаните да останат да работат од дома доколку е тоа можно. 

Можете да прочитате

Дали испраќањето европски сили во Украина е прв чекор кон создавање европска армија?

Захарова: Секоја армија од Коалицијата на подготвените испратена во Украина ќе се смета за легитимна воена цел

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори