
Денес официјално започнува најголемиот натпревар за средношколци во Македонија и регионот „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“, посветен на развојот на претприемачкиот дух и креативни бизнис идеи кај младите.
Главната награда за најдобрата бизнис идеја изнесува 1.000.000 денари.
Организатори на натпреварот се Brainster Next College-првиот практичен факултет за дизајн и ИТ во Македонија и регионот, и NU High School Academy-академијата за талентирани средношколци.
Право на учество во натпреварот имаат сите средношколци од прва до четврта година.
-Нашата цел е да им дадеме простор на средношколците да размислуваат како претприемачи, да развиваат креативни идеи и да учат преку реални предизвици. Во време кога младите бараат шанса да го покажат својот талент и визија, овој натпревар е токму тоа – платформа што ги мотивира да бидат проактивни и да ја гледаат иднината со повеќе можности, објаснува Огнен Трипуноски, оперативен директор во групацијата Бреинстер.
Натпреварот се организира во неколку фази:
- Прва рунда: Од 1 до 26 октомври, сите заинтересирани средношколци ја доставуваат својата иницијална бизнис идеја на страната milioner.mk. Се охрабруваат средношколците да формираат тимови од 3 до 6 учесници, за да има поголема вредност и да се пробијат подалеку низ рундите. На крајот од рундата се одбираат 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда.
- Втора рунда: Најдобрите 50 идеи продолжуваат на јавно гласање во периодот од 3 до 16 ноември. Оние 20 кои ќе освојат најмногу гласови во процесот на гласање продолжуваат во следната рунда. Гласањето се отвара со старт на рундата и се затвора со крај на рундата. 20-те победнички бизнис идеи во периодот кој следи добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните 2 рунди.
- Трета рунда: На 29.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст 20-те полуфиналисти ќе ја презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда.
- Финале: Големото завршно натпреварување ќе се одржи на 30.11 во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите презентираат за 5 минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја која ќе освои 1.000.000 денари.
-Ги охрабруваме сите средношколци да се пријават и да ја искористат оваа шанса. Со нетрпение очекуваме да видиме што ќе создадат нашите млади таленти, појаснува Трипуноски.
„СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“ е вистинска можност младите да ги развијат своите идеи, да учат од искусни ментори, да стекнат контакти и да се подготват за иднината како лидери и претприемачи.