Утрински Весник
Македонија

Започна исплатата на правата од социјална и детска заштита

Македонски концепт: Стара ЕУ во која  започнавме асоцијативен процес веќе не постои, нема повеќе „полноправно членство“

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 септември 2023 година, велат надлежните.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

05.09.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
06.09.2023– М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Можете да прочитате

Изгоре куќа во пожар во Кучевиште – семејството без кров над глава

Мицкоски: Темата за населување на мигранти е измислена од СДС

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, темата е измислена од СДСМ за да ги скријат внатрешните проблеми