Утрински Весник
Економија

Започна исплатата на МојДДВ, проверете ги вашите сметки

U P.jpg

Управата за Јавни Приходи – УЈП ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025 година.

За К4 – 2025 година ќе бидат исплатени вкупно 924,5 милиони денари кон 526.123 корисници на апликацијата МојДДВ. До денес, реализирани се 184,5 милиони денари, кон 104.000 корисници на апликацијата МојДДВ.

Исплатата на средствата продолжува, како се обработуваат налозите така се исплаќаат средствата на сметките на корисниците на МојДДВ.

Напомeна: во овој момент 5.292 корисници кои скенирале фискални сметки имаат внесено погрешна трансакциска сметка, поради што УЈП не е во можност да ја реализира исплатата.

Апелираме! Доколку немате добиено средства, проверете ги и ажурирајте ги податоците за трансакциската сметка директно во апликацијата МојДДВ. На тој начин УЈП ќе има точни податоци за корисникот и ќе може да изврши исплата на поврат по основ на МојДДВ.

Можете да прочитате

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании

Повик за реформа на пензискиот систем – времето истекува

„Реплек“ пробива на строгиот британски пазар: Реконазол, прв лек на компанијата регистриран во Обединетото Кралство