Утрински Весник
Култура
300x250 opst2

Започна 16 меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци

Започна 16 меѓународна графичка работилница „Софија“ Богданци
Img 7972

Денеска започнува главната сесија на Графичката работилница „Софија“, која по 16-ти пат ќе се одржи во Богданци. Традиционалната меѓународна графичка работилница е единствена од ваков тип во регионот, бидејќи на едно место ги собира студентите од завршните години на додипломски и постдипломски студии на факултетите и академиите за ликовни уметности од Балканот и пошироко. Селекцијата на учесници ја прават академиите и професорите, кои избираат по двајца најдобри студенти. Нивното учество на Графичката работилница е награда за постигнатиот успех за време на студиите.

dobivaj vesti na viber

Графичката уметност во наредните десет дена, во Богданци ќе собере дел од најталентираните млади графичари од факултетите и академиите од Скопје, Загреб, Нови Сад, Ниш, Сараево и Софија. Оваа година ментор на работилницата ќе биде професорката Мирјана Водипија од Академијата за ликовна уметност во Загреб.

Уметниците ќе работат во сите класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат, пропустен печат, а делата ќе ги претстават на завршната изложба на 25 Август во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци. Од основањето до денес, главен поддржувач на графичката работилница е Печатница „Софија“ од Богданци.

Графичката работилница веќе шеснаесет години е место за средба на најталентираните млади графичари, точка на размена на искуства и идеи, средиште за творештво на многу уметници.

Графичката работилница стана препознатлив културен симбол не само во Македонија туку и во регионот, вели Виктор Семенпеев, претседател на Здружението на граѓани Графичка работилница „Софија“ Богданци, кое е организатор на настанот.

Графичката работилница „Софија“ е меѓународен центар во кој се следат современите тенденции во регионалната, но и европската графичка уметност. На неа досега учествувале повеќе од 200 уметници, поседува фонд од околу 600 дела, а отворена е во текот на целата година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“