Утрински Весник
Свет

Запленети над 3 тони кокаин во Перу

Droga 1.png

Перуанската полициска единица за борба против шверцот со дрога заплени 3,4 тони кокаин што требало да биде скриен меѓу банани наменети за Белгија.

– Во рамките на интензивната операција против дистрибуцијата на наркотици, националната полиција на Перу заплени 3.407 килограми кокаин хидрохлорид во регионот Пиура (во северозападниот дел на земјата), со што го спречи испраќањето на товарот во странство, соопшти Министерството за внатрешни работи на Перу.

Конфискуваната дрога потекнува од регионот познат по одгледување кока, наречен ВРАЕМ, прецизираше претседателот на Перу, Хосе Хери.

За време на операцијата, полицијата запрела камиони кои превезувале над 3.000 пакети со кокаин до склад за банани за извоз. Тој се наоѓа на околу 100 километри од пристанишниот град Паита, појаснија властите.

Можете да прочитате

Рубио: Понудата на Иран за отворање на Ормуската Теснина е неприфатлива за САД

Мерц: Може да се наложи Украина да прифати загуба на свои територии во име на идно членство во ЕУ

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран