Утрински Весник
Балкан

Запленети 140 килограми експлозив во Зубин поток

Police.webp.webp

Пронајдени се околу 140 килограми експлозив, пушка и голема количина муниција при претрес во напуштена куќа во општина Зубин поток, Косово.

Заменик-регионалниот командант на косовската полиција, Ветон Ељшани за Радио Контакт Плус денеска изјави дека експлозивите се пронајдени на 24 јануари и оти прелиминарните информации укажуваат дека експлозивите се произведени во 2014 година во Крушевац.

Ељшани нагласи дека пронајдениот експлозив бил „екстремно нестабилен“ и оти ризикот од детонација бил многу висок.

Тој додаде дека по прелиминарната истрага, надлежните истражители ќе го преземат случајот.

За време на претресот на објектот, пронајдени се и пушка М48, 244 куршуми од различен калибар, две празни чаури и голема количина експлозиви.

Можете да прочитате

Рама: Пресудата за Тачи и водачите на ОВК е срамна

Хашим Тачи осуден во Хаг, еве колку години ќе треба да одлежи

Денеска во Хаг ќе се изрече пресудата против Хашим Тачи