Утрински Весник
Македонија

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Img 7804.jpeg

Паралелно со производството и пошумувањата низ целата територија на Македонија, ЈП “Македонски Шуми” продолжува со бескомпромисна борба против криминалот, корупцијата и сите нелегални активности напиша директорот на Македонски Шуми, Кире Михаилов!

Денеска, во координирана акција на ОВР Делчево, Шумската полиција и нашите служби, беше запленето товарно возило натоварено со огревни дрва без соодветна документација. Приведено е и едно лице вработено во ЈП “Македонски Шуми” со сериозни сомнежи за инволвираност во нелегални активности и членство во организирана криминална група.

Во тек е истрага за целосно расветлување на случајот и идентификација на други лица инволвирани во оваа незаконска мрежа.

Можете да прочитате

ОЈО: Промена на јавен обвинител не ги одолговлекува постапките, внимателно и одговорно да се известува и коментира

Крајовски: Битолчани се колатерална штета на бизнисите на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, бараме истрага за труењето во РЕК

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла