Утрински Весник
Скопје

Запалени пет возила кај Кале

Policija Mvr2.png

Денеска, на улицата „Лазар Личеноски“, во непосредна близина на скопското Кале, избувна пожар во кој беа опожарени пет возила.

Според информациите, огнот целосно ги уништил паркираните автомобили, објави 4news.mk.


Противпожарните екипи се на терен и го гасат пожарот. Засега нема информации за повредени лица.

Надлежните служби вршат увид на местото на настанот, а причините за избувнување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост