Утрински Весник
Македонија

Запалена свеќа предизвика пожар во стан во Гази Баба

Pozarna Pozarnikari.jpg

На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка” на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје.

Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза”.


Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

Дожд и облаци, во Скопје до 15 степени

СДСМ: Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС

Филиповска Тодорчевска: На Скопје му недостига долгорочна визија за развој