Утрински Весник
Македонија

Запален автомобилот на Драган Митковски, најблискиот соработник на градоначалничката Арсовска

Dragan Mitkovski.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во населбата Ѓорче Петров бил запален автомобилот на Драган Митковски кој е еден од најблиските соработници на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски на последните избори дури беше и носител на листа од редовите на нејзината партија.

„На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило ‘мерцедес а класа’ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило ‘хјундаи’ и ‘сузуки свифт’ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во јавноста се зборува дека односите помеѓу Митковски и Арсовска во моментов не се најсјајни и тоа резултираше со промена на директори на дури три скопски јавни претпријатија. Градоначалничката Арсовска во еден здив ги смени директорите на ЈП Водовод и канализација, Градски паркинг и Комунална хигиена за кои се шпекулира дека биле луѓе од доверба на Митковски.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име