Утрински Весник
Македонија

Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Западниот Балкан и ЕУ заеднички ќе се справуваат со последиците од енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски денеска учествуваше на првата панел-дискусија на Самитот Западен Балкан -Европска Унија во Тирана. Оваа панел-сесија беше посветена на енергетската криза и пакетот за енергетска поддршка со кој треба да се обезбеди енергетска стабилност на Западен Балкан, но и воопшто на целиот европски континент.

dobivaj vesti na viber

На сесијата од страна на сите учесници во дискусијата беше потенцирано дека енергетската стабилност на Западен Балкан е подеднакво важна како и енергетската стабилност на ЕУ. Лидерите истакнаа дека сите заедно работат на надминување на предизвиците од енергетската криза и дека ЕУ ќе биде заедно со земјите од Западен Балкан при решавање на сите проблеми поврзани со енергетската криза.

Република Северна Македонија изминатиот период успешно се справува со енергетската криза и обезбедува енергетска стабилност на земјата, за што се ставени во целосна функција сите расположливи капацитети за производство на струја.

Република Северна Македонија исто така имплементира повеќегодишна Стратегија за зелена транзиција, со што инвестира во капацитети за производство на струја од обновливи извори на енергија и долг план обезбедува енергетска независност на земјата.

Можете да прочитате

Мицкоски: За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници

Кузеска: Врв на неспособност, граѓаните едвај врзуваат крај со крај а власта им вели „немаме магично стапче“

Сообраќајни измени: Мобилните телефони надвор од рацете на сите учесници во сообраќајот