Утрински Весник
Македонија

Занаетчиите го поддржуваат најавениот бојкот на маркетите, повикуваат да се пазарува кај малите занаетчии

Image 222883.jpg

Занаетчиската комора го поддржува најавениот бојкот на маркетите и повикува граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии, информираа денеска од ЗКРСМ.

„Целосно го поддржуваме бојкотот на маркетите, меѓутоа апелираме до граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб, други прехранбени продукти во занаетчиските пекари, други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно, апелиравме и до занаетчиите да ги намалат цените на своите продукти“, изјави претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.


Од ЗКРСМ велат дека цените кај малите бизниси и занаетчиите се пониски и подостапни за сите. Во петок цените кај занаетчиите ќе бидат за десет проценти пониски за купувачите.

„Ова е мал, но важен чекор за да покажеме дека локалната економија може да ги поддржи граѓаните со поправедни цени и подобар квалитет. Апелирам секогаш кога се во можност, не само за време на бојкотот, туку секогаш, купувачите да избираат продукт кај малите занаетчии“, повика Фазлији.

Можете да прочитате

Андоновски од Стратешкиот дијалог со САД: Продлабочување на соработката во сајбер-безбедноста и дигиталната инфраструктура

Божиновска во Вашингтон: Средба со „Chevron“

Се подготвува нова стратегија за борба против родово и семејно насилство