Утрински Весник
Македонија

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

1 19.jpg

„Градењето капацитети за управување со миграцијата се планира и имплементира согласно националните потреби и интереси, но и во согласност со ЕУ политиките и стандардите, при што се земаат предвид и препораките содржани во Извештаите за напредок на Европската Комисија, како и искуствата на ЕУ државите”.

Ова, меѓу другото, го истакна заменик министерот за внатрешни работи д-р Астрит Исени во своето денешно обраќање во рамки на редовната 115 сесија на Советот на  Меѓународната организација за миграции (IOM), што се одржува во Женева, Швајцарија, посветена на натамошно усогласување на актуелните миграциони политики, како и прашања од значение за натамошното функционирање на оваа, инаку една од најголемите меѓународни асоцијации.

Во своето обраќање заменик министерот Исени презентирајќи дел од законските решенија и активностите по однос на миграциите на национално ниво, ги посочи и главните стратешки документи во оваа област како што се Националната стратегија за интегрирано гранично управување, Националната стратегија за борба против илегална миграција и прекуграничен криминал, Резолуцијата на миграциската политика и Патоказот за владеење на правото.

„Меѓународната соработка претставува важен дел во јакнењето на капацитетите за управување со миграцијата – како во областа на размена на информации и искуства, така и во областа на оперативната соработка и експертската и техничката поддршка”, потенцираше заменик министерот Исени, нагласувајќи ги во тој контекст имплементираните регионални проекти, финансиски поддржани од Европската комисија, а спроведени преку Фронтекс и други релевантни партнери, како и национални проекти дизајнирани и прилагодени за нашите потреби.

Инаку, во рамки на оваа четиридневна 115 Сесија, која што официјално започна со работа денеска, а ќе трае до четврток (28.11.), свое обраќање имаше и генералниот директор на ИОМ,  Ејми Поуп, која што го презентираше извештајот и стратешките заложби на организацијата во наредниот период.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско