Утрински Весник
Македонија

Законот за енергитика во второ читање во Собранието

Sobranie.webp.webp

Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, во чии рамки ќе биде разгледан новиот Закон за енергетика, кој е во второ читање. Овој Предлог-закон е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

MK Summit

Министерката за енергетика Сања Божиновска неодамна во разговор за МИА изјави дека овој закон е еден од најважните бидејќи во него се имплементирани сите европски директиви. Законот, како што посочи таа, е изработен со домашни капацитети, без странски консултанти. 


– Таму првпат се регулираат батериите, односно складирањето на електрична енергија, се формираат граѓански заедници. Тука првпат почнува да се прави методологија за мерење енергетска сиромаштија. Со овој закон, МЕПСО ќе помине под Министерството за енергетика што е нормално и очекувано. Исто така има и за нафта, за гас. Има многу работи, станува збор за многу обемен закон со 317 членови, истакна Божиновска.

И според министерката Божиновска и според претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, најголем предизвик во следниот период ќе биде изработката и усвојувањето на подзаконските акти и регулативи.

Во македонското Собрание, денеска ќе се одржи и консултативна дебата на тема „Ситуацијата на децата и адолесцентите во Северна Македонија“ на која воведни излагања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во земјава. На дебатата ќе бидат презентирани клучните наоди од Анализата на УНИЦЕФ за ситуацијата на децата и адолесцентите.

Македонското Собрание денеска ќе биде посетено и од студенти на специјализација на командно-штабни должности на Воената академија „Михајло Апостолски – Скопје при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. 

Можете да прочитате

Трпковски за Пулс: Лоши материјали, никакви услови и несериозното сфаќање на ситуацијата придонесоа за оваа голема трагедија

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Лицата со дијабетес бараат инсулински пумпи за сите лица со дијабет тип 1