Утрински Весник
Македонија

Законот изгласан – обложувалниците и автомат клубовите треба да се селат подалеку од училиштата

Kazino Rulet Avtomati 1.jpg

Со 55 гласови „за “ од вкупно 61 прусутен пратеник Собранието ги изгласа измените на Законот за игри на среќа и за забавните игри, кој беше предложен од Владата со европско знаменце. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на денешната седница бараше овој предлог-закон да биде симнат од дневен ред, бидејќи сметаат дека постојат сомнежи за криминал во лотарија, а европското знаменце е злоупотребено. Нивното барање не помина.

За овој Закон имаше низа реакции од организаторите на игри за среќа – кои не ги предомислија пратениците. Последниот повик од нив е упатен до претседателот на државата Стево Пендаровски, од кого е побарано да не го потпишува за да не влезе во сила. Законот се предвидува објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел да се заштити младата популација од лоши и несоодветни навики. Во рок од една година обложувалниците и автомат клубовите треба да ги преселат деловните простории на оддалеченост најмалку 500 метри од училиштата.

Можете да прочитате

Тешко повреден малолетен пешак во Куманово по удар на автомобил

Пожар во паркирано возило во Дебар

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово