Утрински Весник
Македонија

Законот дозволува и работа над 48 часа, но никаде не пишува дека работниците на коридорите ќе работат 72 часа, вели Тренчевска

Тренчевска ја врати разрешената директорка, се пожали Стефковски

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, посочи дека никаде во Законот не пишува дека градежните работници на Коридорот 8 и Коридорот 10 ќе работат 72 часа, откако претходно тоа го посочија од Сојузот на Синдикати.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не го пишува во Законот, работното време за овие работници е 40 часа со дополнителни најмногу 8 часа во неделата за стратешки приоритети. Се дозволува во текот на периодот кој го дозволуваат временските услови и за работа над овие 48 часа, но во Законот никаде не пишува дека ќе работат 72 часа. Тоа зависи од временските услови, од процесот на работа и затоа треба да бидеме објективни. Законот предвидува да се почитува 12 часа дневна обврска на работникот да одмора и 12 часа плус 24 часа неделен одмор“, посочи министерката Тренчевска.

Претходно од Синдикатот рекоа дека најслабата алка во заштитата на правата на работниците, а особено на градежниците е трудовиот инспекторат којшто не врши ефикасна контрола врз условите за работа и врз прекувремените часови кои според него се под принуда, а не со доброволна согласност на работниците.

Министерката меѓудругото посочи и дека се работи на системско решение за зголемување на минималната плата.

Можете да прочитате

Фасцинантната змија-рибарка од Голем Град „доаѓа“ утре пред скопската публика во Кинотека

Изгаснат пожарот што вчера гореше кај Охрид

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”