Утрински Весник
Македонија

Закажан е првиот ТВ дуел помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Img 2903.jpeg
Dik 300x250 mk

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја прифатија поканата нивните лидери, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски да се соочат во ТВ дуел на Канал 5 на 3 април во 18.45 часот.

Ова ќе биде прво соочување на двајцата лидери,а во пресрет на изборите. И од владејачката СДСМ и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изразија задоволство за можноста Ковачевски и Мицкоски да ги споредат ставовите во дебата.

Канал 5 ТВ организира прво ТВ соочување на лидерите на главната владејачка и главната опозициска партија, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на 3 април, ден пред стартот на кампањата за двојните избори, наречена „ТВ дуел за Македонија“.

Во писмените покани што денеска беа упатени до претседателите на партиите, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, накратко се објаснети принципите и правилата на ТВ дебатата, која според предвиденото ќе трае 2 часа на актуелни теми од изборната програма, домашната и надворешната политика, уставните измени и евроинтергациите, борбата со криминалот и корупцијата, економијата…

Позитивен одговор на поканата е добиен и од двете партии…

„Благодариме за Вашата покана упатена до претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, за телевизиско соочување со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ве известуваме дека претседателот Ковачевски со задоволство ја прифаќа поканата, предложениот термин (03.04.2024, 18.45 ч) одговара согласно неговата работната агендата и сметаме дека е соодветно избран во пресрет на изборната кампања. Оттука и граѓаните ќе имаат одлична можност да ги споредат политичките концепти и ставови.“, одговорија од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Христијан Мицкоски се отворени за дебата секогаш и секаде кога е во прашање јавниот интерес и интересот на граѓаните.

„Ја поздравуваме и прифаќаме поканата за дебата, а со оглед на фактот што досега и покрај јавните повици за ТВ Дуел Димитар Ковачевски ги одбегнуваше, сметаме дека најпосле е добро да се охрабри и да се соочи на дебата каде ќе мора да одговори на прашањата кои целата јавност ги поставува, како на пример зошто системот не функционира, каде е животот кој го ветуваа, зошто има хаос и безредие на секое поле…и редица други теми од јавен интерес“, е наведено во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Ранѓеловиќ: Излезноста во Кочани манифестира најголема мизерија, наместо тој народ да бојкотира за децата кои ги загубија животите, се одлучија да гласаат за партиите кои го создадоа системот кој ги проголта

Пензионер од Скопје фатил провалник на дело во станот и тој го претепал

Цело Тетово нема вода – намерно пресечена главната водоводна линија