Утрински Весник
Свет

Захарова: Србија ако сака може да стане веднаш рамноправна членка на БРИКС

Screenshot 2024 02 02 201408.png

Доколку Србија има желба, а сите членки на БРИКС немаат ништо против, може веднаш да стане рамноправна членка на оваа асоцијација, порача Марија Захарова, портпаролка на МНР на Русија, и додаде дека таа одлука зависи исклучиво од Белград и српскиот народ. -Ние не сме господари на БРИКС. Обединети сме на рамноправна основа и така ги донесуваме одлуките, додава портпаролката на руското МНР, која беше говорник на темата „Современи меѓународни односи – поглед од Русија“. На собирот организиран од Институтот за меѓународна политика и економија, Захарова зборувала и на други теми, со посебен акцент на ситуацијата на Косово.

Можете да прочитате

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија

Претседателот на Иран потенцираше дека секој напад врз врховниот лидер е објава на војна

Телефонски разговор Руте – Трамп