Утрински Весник
Свет

Захарова: Само неопходен, насочен дијалог со Вашингтон

Захарова: Само неопходен, насочен дијалог со Вашингтон
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Русија и САД продолжуваат со целните контакти во оние сфери каде што е најпотребно, а Москва останува отворена за заемно корисен дијалог, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

„Ќе го кажам она што отсекогаш го зборувавме, дека одржуваме, ајде да го наречеме, насочен контакт со САД за прашањата што се појавуваат. Отворени сме за секаков вид заемно корисни разговори“, изјави Захарова во ТВ-емисијата „Соловјов во живо“, пренесува ТАСС.

Захарова нагласи дека, со оглед на тоа што контактите на руските и американските служби остануваат селективни, „тие секако немаат врска со концептот на целосни односи“.

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија