Утрински Весник
Свет

Захарова: Режимот на Зеленски го саботираше договорот за жито

Захарова: Режимот на Зеленски го саботираше договорот за жито
Dik 300x250 mk

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, е предводен од Велика Британија, го саботирал договорот за жито за да ја додаде уцената со прехранбени производи на нуклеарната уцена.

dobivaj vesti na viber

„Договорот за жито беше спречен од Зеленски и неговите терористи, предводени од британски шпиони, со цел да се додаде уцена со храна на нуклеарната уцена. Немаат доволно пари и оружје. Ним им треба повеќе смрт, рече Захарова коментирајќи ја изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој рече дека Русија, со суспендирањето на учеството во договорот за жито, ја блокира храната за седум милиони луѓе, пренесе ТАСС.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по вчерашниот напад во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и врз трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон