Утрински Весник
Свет

Захарова им порача на Украинците да не го слушаат НАТО

Zaharova.webp.webp

Киев би имал поголеми шанси за решавање на конфликтот со Русија кога би се спротивставил на малигното влијание на НАТО, кое ги попречува напорите за мир, изјави вчера портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова реагираше на изјавите на украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха за резултатите од состанокот во Истанбул, кој ги означи првите директни преговори меѓу Киев и Москва од 2022 година. Преговорите резултираа со договор за голема размена на заробеници меѓу Русија и Украина, како и договор за размена на списоци со услови за можно примирје и разговори за следната средба.


– Ако ги оставиме настрана сите руски глупости, псевдо-историски изјави, провокации и така натаму, суштината е следна: успеавме да договориме враќање на 1000 наши луѓе. Тоа се 1000 среќни семејства. Веќе и поради тоа сето ова има смисла, изјави Сибиха.

– Сето „ова“, рече Захарова, мислејќи на преговорите, „го предложи Русија – нејзиниот претседател – и го спроведе делегација овластена од шефот на државата, а Зеленски ја исмеваше цел ден.“

Таа исто така истакна дека, ако се занемарат навредите, Сибиха всушност признава дека „руските предлози во суштина имаат смисла“.

– Главно е граѓаните на Украина да не дозволат „НАТО советници“ повторно да ги одведат од вистинскиот пат на решение во бездната на туѓи интереси, предупреди Захарова.

Русија и Украина одржаа директни мировни преговори во Истанбул во 2022 година, кусо по ескалацијата на конфликтот. Иако страните на почетокот постигнаа напредок и договорија рамковен договор, преговорите подоцна пропаднаа откако Киев еднострано ги напушти поради, за нив, нереалните барања на Русија.

Можете да прочитате

Над 100 луѓе евакуирани од швајцарските Алпи поради опасност од одрони

Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим

Можен договор меѓу Израел и Хамас: Прекин на огнот и размена на заложници