Утрински Весник
Свет

Загинаа 14 лица во сообраќајна несреќа во Алжир

Soobrakajka.webp.webp

Четиринаесет лица загинаа, а триесет и четири се повредени во тешка сообраќајна несреќа кога автобус со патници се преврте на релацијата меѓу Бешар и Тиндуф, во крајниот југ на Алжир.

Несреќата се случила во градот Тебелбала, околу 400 километри јужно од Бешар. На фотографиите што ги објавија локалните медиуми се гледа автобус превртен на покрив покрај патот, со значителни оштетувања на каросеријата.

Претседателот на Алжир, Абделмаџид Тебун, изрази длабока жал за трагедијата и упати искрено сочувство до семејствата на загинатите.

Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби спроведуваат истрага за да го утврдат точниот тек на настанот.

Можете да прочитате

Рубио: Понудата на Иран за отворање на Ормуската Теснина е неприфатлива за САД

Мерц: Може да се наложи Украина да прифати загуба на свои територии во име на идно членство во ЕУ

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран