Утрински Весник
Македонија

Загина пешак на регионален пат Струмица – Валандово

Srbi A Polici A 1.jpg

На 07.05.2024 во 23.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица – Валандово, пред село Костурино, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат” со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од село Куклиш, струмичко, удрило во пешакот Р.С.(44) од село Јосифово, валандовско. По несреќата Р.С. била пренесена во Медицински центар Струмица, каде што од лекар била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Можете да прочитате

Се запали фабрика за оружје во Македонски Брод – гори хала со хемикалии

Заврши рехабилитацијата за првата група повредени во „Пулс“, во вторник доаѓа втора група

Почина писателот Цане Андреевски – 24info.mk