Утрински Весник
Македонија

Самхарадзе: Ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ

20240508112825 Big 730x400 46.webp.webp

Во текот на набљудувањето ќе се трудиме да забележиме дали гласањето се одвива согласно стандардите на ОБСЕ. Им посакуваме успех на гласачите во нивните следни постигнувања, изјави денеска специјалниот координатор на ОБСЕ, Николоз Самхарадзе откако со шефот на мисијата на ПС на ОБСЕ, Карина Одебрик посетија гласачки места во ОУ „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во Скопје.

Тој посочи дека нивните активности се во рамки на заедничката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ ОДИХР и Советот на Европа.

-Тука сме во центарот на Скопје, вршиме набљудување на избирачко место во едно основно училиште. Исто така ќе вршиме набљудувања во целата држава, во рурални и урбани подрачја и сите наши забелешки и опсервации, ќе ги кажеме утре на прес-конференција во три часот, најави Самхарадзе.

Карина Одебрик, шеф на мисијата на ПС на ОБСЕ, информираше дека имаат над 300 набљудувачи, а од Парламентарното Собрание 56 набљудувачи од 25 земји. 

– Она што е важно при набљудувањето на изборите, е, ги собираме  сите забелешки и опсервации и сите ги ставаме во една заедничка изјава, појасни Одебрик.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница