Утрински Весник
Македонија

Загина мигрант во соoбраќајка кај Дојран, а неколкумина се повредени

Img 7688

МВР извести дека вчера околу 20 часот во близина на Дојран, возило „крајслер“, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници.
„При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Според кажаното од мигрантите, возачот пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот“, извести полицијата.

Можете да прочитате

Левица поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на ДКСК

Луксузни патувања, хотели и услуги- Ване Цветанов на удар на Обвинителството за корупција

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција