Утрински Весник
Македонија

Загина 48-годишен возач, излетал од патот Кочани- Виница

Policija.jpeg

На 16.12.2025 во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки  дол”, патничко возило „пежо” со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол