Утрински Весник
Македонија

Заев од Атина: Мицкоски не треба да згреши со Договрот од Преспа, со тоа ќе ја уништи европската перспектива за граѓаните

Zaev.jpg
Dik 300x250 mk

„ВМРО-ДПМНЕ се десничарска, националистичка партија. Наредниот викенд ќе изберат влада и новиот премиер ќе има експозе. Мислам дека нема да направи грешки, бидејќи ако направи тоа ќе биде тешко за него. Ќе го предизвика целиот западен свет“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека за Северна Македонија нема алтернатива освен европска иднина и НАТО.

„Тоа значи дека нема да користиме европски пари, но нема да има ни надворешни, ни домашни инвестиции. Нашите малди ќе заминат во западна Европа и САД. Тоа е закана за нашата земја“ рече Заев.

Тој додаде дека може да биде користен за обвинување за сменетото име, но му порача на Мицкоски да не си игра со иднината на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!