Утрински Весник
Македонија

Заев од Атина: Јас и Ципрас презедовме најголем дел од одговорноста, на Мицкоски и Мицотакис им останува мала задача – да го почитуваат договорот

Img 20240618 Wa0006.jpg

„Еве сме, јас и Алексис. Ние ја презедовме најголемата одговорност за решвање на проблемот и креирање на Договорот од Преспа. И ја плативме политичката цена за тоа. Сега, почитувањето на договорот е лесниот дел и е одговорност кон граѓаните и иднините на двете земји“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека треба да се градат мостови и пријателство, да се тргнеме од провокациите и злоупотребите кои само носат блокади.

„Од оваа перспектива, целта на прогресивните сили треба да биде да не останат само набљудувачи на регресивните процеси. Наместо да бидат демотивирани од таквите тенденции, треба да се мотивираат двојно повеќе за да се одбрани постигнатото, тоа што е потврдено дека е добро“ рече Заев.

Поранешниот премиер додаде дека и ЕУ треба да покаже дека Унијата има сила за да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан како важен за иднината на Европа.

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прославува 140 години винска традиција, преточена во квалитет, современост и глобална препознатливост

Османи: Ако усвоиме резолуција за црвените линии Бугарија може да ја врати декларацијата во парламентот

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?