Утрински Весник
Македонија

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Latas.webp.webp

Драган Павловиќ-Латас повторно се огласи со остар статус, реагирајќи на вчерашниот фејсбук-статус на Зоран Заев упатен до Никола Груевски, како одговор на претходните обвинувања. Поранешниот уредник во Сител го исмејува поранешниот премиер Заев, го нарекува „неспособен да состави реченица“ и тврди дека обвинувањата упатени кон Груевски се „иронија“, бидејќи, како што наведува, затворската пресуда што Заев ја споменува била резултат на „корумпираното СЈО“.

Латас жестоко го спореди Заев со други фигури во македонската политика, велејќи дека „по зло може да се мери само со Фрчковски, а по профитерство со Бучковски“. Тој тврди дека Заев „не смее да се споредува со никого“ и дека неговиот политички и економски биланс е „катастрофален“.

Во текстот, Латас наведува статистики за економските показатели за време на владите на Груевски и Заев – од буџетските разлики, јавниот долг, па сè до странските инвестиции – тврдејќи дека владите на Заев и неговиот наследник постигнале „рекорден дефицит“ и помалку инвестиции отколку периодот 2006–2016.

Тој фали и актуелниот премиер Христијан Мицкоски, пишувајќи дека „е единствениот кој по проекти може да се мери со Груевски“.

Во финишот на текстот, Латас ја доведува во прашање способноста на Заев воопшто да води политика.

„Заев не е за споредба. Заев е за истрага, ментално лекување и превоспитување“, пишува тој, завршувајќи со уште една метафора: дека од политичката „ливада“ на Груевски и Мицкоски „може да се напие чиста вода“, додека од бунарот на Заев – само „матни води или нешто полошо“.

Целата објава во продолжение:

“Заев напишал пост на Фејсбук 🙂 и се кара со Груевски ругајќи го дека тој, З.З., бил успешен а Груевски лузер и криминалец! За, на крај, да му порача дека требало да одлежи затвор.
Затвор пресуден од корумпираното СЈО и Зоран Заев.

1. Ова е спорно во два елементи: Заев не знае да состави простпроширена реченица, што ни е познато на сите, и верувам дека постот го пишувал неговиот шофер додека дреме пред кафана во Дубаи и го чека газадата.
Глупоќата на Заев е мерлива само во споредба со глупоќата на неговиот шофер и неговото обезбедување кое, и тоа го знаеме, беше фаќано во шверц на марихуана и тепање луѓе по кафани.
2. Навреда е Зоран Заев да се споредува со било кого во македонската политика. По аршин за зло во човек, садизам и манипулатор може да се мери само со Фрчковски.
По “економски, политички и државнички“ резултати само со Владо Бучковски. Едниот воен другиот предавинички профитер.
По бизнис ориентед само со Боро Малборо. Ист калап се, само со различен број на калапот. Заев добаци до Дубаи и Индија.

Груевски стапи на власт со буџет од близу 2 милијарди евра и јавен долг на државата од 47% од БДП
Замина во 2016-та со буџет од 2,8 милијарди евра и долгови 46% од БДП.
Владата на Груевски 2006-2016 има вкупно 3,1 милијарда НОВИ странски инвестиции. Или, над цел еден државен буџет (110 %) од последната година на власт.

Заев дојде на власт со буџет од 3,1 милијарди евра, и тој и неговиот ВД премиер Д.К. заминаа со буџет над 5 милијарди евра со рекореден буџетски дефицит од 5% од БДП што е случај на фирма пред стечај , и долг на државата од 62% од БДП.
Вкупните странски иневстиции на владите на Заев и неговиот ВД премиер Д.К. се околу 3,2 милијарди евра или – само 62% од вредноста на буџетот во последната година на власт 2024, и тоа 25% од тие инвестиции НЕ СЕ НОВИ, туку реинвестиции од инвеститори, компании дојдени во времето на Груевски.
Долгот на Македонија, со заминувањето на Заев и ВД-то е 63%, или 8.550 евра должел секој жител на Македонија во 2024-та, последната година на Заев и ВД-то Д.К.

Да не споредуваме изградени патишта, болници, школи, факултети, индустриски зони, стадиони, театри, стипендии за студии во странство, пари за обуки на наши лекари во странство… Јасно е.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, има изградено повеќе булевари и патишта од владите на СДСМ и ДУИ за сите нивни седум години мандат! Сам Коце а тие сите тие на куп.

Според Транспаренси Македонија (ТИ), рангот на корупција во 2006-та со Бучковски за премеир била 105, во 2007 година со Груевски била 84, па наредната година паѓа на 72… и последната година пред заминување на Груевски е 66.

Корупцијата под власт на Заев и ВД Д.К е следна: Уште во првата година на власт на Заев во 2017-та ТИ објавува ранг на корупција 107! Повеќе и од владата на Бучковски. Во 2019-та 106, во 2020 дури 111, во 2022-ра ранг 85, и заминува со последната цела година на власт 2024-та со 88 степен на корупција. Тоа се фактите. Краделе до изнемоштеност.

Груевски доаѓа и заминува како премиер на Република Македонија.
Заев доаѓа од Република Македонија и заминува како премиер на Северна Македонија. Македонија патем ја снема.

Заев не е за споредба. Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување.
Единствен кој по проекти може да се мери со Груевски, и веќе има подобар старт, е Христијан Мицкоски. Тоа е таа лоза, и тој извор од кој чиста вода може да се напие.
Бучковски, Заев и ВД Д.К се бунар без дно од кој не си сигурен дали матна вода или змија од кофата во бунарот те чека. Или двете заедно”.

Можете да прочитате

Уапсени двајца крадци – оперирале низ продавници и маркети

Богородица пак ќе биде затворана од грчките земјоделци

Нова бомба: Чистење на буџетот, 161 тендер за семејната фирма на Томовски, велат од СДСМ