Утрински Весник
Македонија

Заев: Ципрас ми е брат до смрт

Заев: Ципрас ми е брат до смрт

Пет години по Договорот од Преспа, поранешниот премиер, Зоран Заев, зборуваше за вестите на грчката телевизија„One chanel“, говорејќи за ратификацијата на меморандумите од грчкиот парламент, „братот  Алексис Ципрас“, изборите во СИРИЗА,  војната во Украина, но и иднината на Западен Балкан во Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

За Договорот од Преспа, Заев рече дека заедно со тогашниот премиер, Ципрас, направиле чекор напред и го отвориле патот за нова перспектива и подобра иднина за нашите земји.

„Пред пет години, храброста и визијата на тогашните влади на Атина и Скопје ставија крај на тековното горчливо несогласување, воведувајќи нова ера на соработка и регионална стабилност. Со Договорот од Преспа невозможното го направивме возможно. Покажавме дека дипломатијата може да ги надмине конфликтите и поделбите, го ставивме поголемото и општо добро над сопствените интереси. Денес, Северна Македонија е горда и достојна членка на НАТО, сојузник со Грција. Ние споделуваме заеднички визии за безбедност и мир во светот со најголемиот безбедносен сојуз. Договорот од Преспа ја приближи и Северна Македонија до Европската Унија. Благодарение на големата поддршка од Грција и со другите партнери и поддржувачи сме посветени на градење посветла иднина за нашите граѓани и генерациите што доаѓаат“, рече поранешниот премиер.

Заев во интервјуто изрази уверување дека грчката страна целосно ќе го заврши делот од договорот со кој се обновуваат ознаките на патиштата, бидејќи е пет години по договорот од Преспа да се сменат сообраќајните знаци во Грција кои „водат“ во непостоечка земја со кратенката „ФИРОМ.“

За Алексис Ципрас и неговата оставка од претседателската функција на СИРИЗА заев рече: „Знаете дека Алексис е мој брат. И ќе бидеме браќа до крајот на животот, бидејќи заедно имавме доволно храброст да ги „пресечеме“ овие бариери меѓу нашите земји и да изградиме братска соработка меѓу Грција и Северна Македонија“.

Додаде дека граѓаните во Северна Македонија и во Грција имаат сличен менталитет, слични традиции, повеќето наши граѓани се православни, разновидна земја сме, имаме и други малцинства во нашата земја, но ние сме овде на Балканот.

„Храброста што Алексис ја покажа на грчкиот народ, на граѓаните на Балканот, на ЕУ и на луѓето од целиот свет ќе го паметиме до крајот на животот и секако, на генерацијата пред нас. Тоа го препозна западниот свет, западниот демократски свет и остатокот од светот. Го гледав како се бори и на последните избори. Тој е многу прогресивен, има многу позитивен карактер и верува во подобра иднина за грчките граѓани и за ЕУ и цел Балкан. Цело време разговарав со него, се обидов да го охрабрам, но во демократијата, на крајот од денот, народот одлучува кој ќе владее. Верувам, како што му кажав, кога една врата се затвора, три други се отвораат. Има и други можности како да се бориме за подобар живот на нашите граѓани, за прогресивни вредности, за западните вредности, за европските вредности“, рече Заев во интервјуто.

Ако комшијата ти е добар, вели Заев, и ти си добар. Ако комшијата оди во добра насока и тоа ќе има позитивни резултати за тебе. Така, верувам дека пет години подоцна, договорот од Преспа донесе многу придобивки за народот на Северна Македонија, а исто така и за народот на Грција.

„Тоа беше лекција за останатите земји како да ги решаваат прашањата со храброст, штитејќи ги интересите на земјата, но и фокусирајќи се на иднината, а не на минатото. Да, го признаваме минатото, но мора целосно да се фокусираме на иднината. Да обезбедиме добра иднина за младите, децата од следната генерација и лично сум многу горд на тоа. За се што постигнавме со Алексис. И мислам дека и Алексис Ципрас е горд на тоа и многу сум благодарен што и актуелната влада во Грција, Нова демократија, потврди дека тоа што го кажавме е конечен договор. И сега правиме бизниси, имаме соработка, на различни нивоа, на спортски, на бизнис, на ниво на образование, на културно ниво. Знам дека следните години ќе донесат уште повеќе“, рече Заев.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор