Утрински Весник
Македонија

„Заедно се бориме – заедно ќе успееме“ е слоганот за Денот на независноста

8 Septemvri 2024 1.jpg

Под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“ Владата организира свечена програма за 8 септември, Денот на независноста.

Свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13 часот.

Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески.  Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар.

Во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата