Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Очекувам слободниот пристап до пазар на труд да го применат сите земји од Западен Балкан, по примерот на Отворен Балкан

Zabrcanec.jpg

„Верувам дека слободниот пазар на труд и отстранувањето на работните дозволи меѓу државите од Отворен Балкан ќе даде брзи резултати и придонес кон единствениот заеднички пазар. Очекувам дека оваа мерка во скоро време ќе биде препознаена како приоритет и ќе биде иницирана и имплементирана и во останатите три држави од Западен Балкан. Планот за раст во себе содржи и свои уникатни економски мерки и придобивки за граѓаните кои секако ќе имаат позитивно влијание и врз останатите регионални иницијативи. Таква е на пример мерката за намалување на трошоците при финансиски трансакции меѓу државите на ЕУ и државите на Западен Балкан“, смета Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи , за gradska.mk.

Тој за Градска редакција вели дека Планот за раст црпи позитивни искуства од повеќето постоечки регионални иницијативи како што се Отворен Балкан и Берлински процес. При тоа ги наведува зелените ленти за брз проток на транспортерите на стоки и производи кои веќе функционираат меѓу државите од Отворен Балкан (на граничните премини Табановце и Ќафасан), предвидено е да се имплементираат и меѓу останатите држави од Западен Балкан. Ваквите иницијативи не се ништо друго туку практикување на европските слободи и мобилност, секој ден сѐ повеќе, до конечно членство во Унијата.

„Реформите предвидени со Планот за раст се реформи кои ниту се нови, ниту се изненадувачки. За да продолжи нивната имплементација со соодветното темпо, потребни се институции водени од влада која е силно посветена на европската агенда. Изборите ќе го дадат одговорот дали ќе забрзаме во користењето на европските фондови и придобивки,“ порачува Забрчанец.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја