Утрински Весник
Македонија

Забрчанец: Мора да сме одговорни кон слободата, таа денес е под најголема закана од 2017 година наваму

D0b7d0b0d0b1d180d187d0b0d0bdd0b5d186 D0bed182d0b2d0bed180d0b5d0bd D0b1d0b0d0bbd0bad0b0d0bd D0b5 D0bfd0b8d0bbd0bed182d0b8d180d0b0d19a 63cd8e42b8c76.jpeg

Слободата не е за потценување и мораме да сме одговорни кон неа затоа што денес е под најголема закана од 2017 година наваму објави на социјалните мрежи Марјан Забрчанец, национален координатор за Отворен Балкан и за регионална соработка во Владата, по повод годинашниот Индекс на Репортери без граници за медиумските слободи на кој земјата напредуваше за две места.

„Да го запаметиме овој извештај, може да е скапоцен и последен од неколкугодишниот демократски раст во низа. Слобода никогаш доволно, но и никогаш не сме имале поголема медиумска слобода. Дали ќе ја зачуваме?“ пишува Забрчанец.

Северна Македонија и годинава има напредок на извештајот за медиумски слободи на Репортери без граници, истакнува Забрчанец.

„Рангирани сме на 36 место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 годин, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место“, пишува во објавата Забрчанец.

Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција.

Можете да прочитате

Во полиција задржани тројца кавадарчани, едниот бил агресивен и се заканувал кон полицајци, двајца спречувале преземање на службени дејства

Гужви на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

Граѓаните за новото задолжување на Владата: Касата празна, животот мизерен, мора да се задолжуваме за да живееме (ВИДЕО)