Утрински Весник
Македонија

Забрана за товарни возила на ГП Меџитлија

Patista.jpg

АМСМ информира дека на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10.01.2026 г. до 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со вршителот на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес 

Отворен Саемот на книгата 2026 во Скопје – празник на мислата, зборот и културата 

Исмаил: Проклетство на ресурсите!  – 24info.mk