Утрински Весник
Македонија

Забрана за тешки товарни возила и на Ѓавато

Skopje Tetovo 1.jpg
Dik 300x250 mk

Поради врнежи од снег забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Ѓавато и Маврово.

На 01.12.2024 година вo 07:50 часот магистралниот пат А2 Охрид -Кичево, односно планинскиот превој Пресека и обратно, сообраќајот за ТTВ e нормализиран.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е зaдолжително користење на зимска опрема (ланци).

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на Македонија Пат.

Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Кога утре би имало парламентарни избори ќе имаме над 60 пратеници, СДС би била трета партија

Тајмс со нови детали: И Македонија е во играта за мигрантски кампови, македонската Влада одбила да прифати интервју за реномираниот медиум на темата

ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период