Утрински Весник
Македонија

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Маврово-Дебар

20260110142425 big 730x400 85.webp.webp

Воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар во двата правци, поради врнежи од снег.

Како што информираат од АМСМ, забраната е воведена во 14:10 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег кој се задржува на коловоз се бележат од влез на с.Свињишта до превојот Буково и од с.Врбјани до Превојот Пресека, екипите на Македонија Пат се на терен и се преземаат мерки за чистење на снегот. На патниот правец Струга-Кафасан и превој Стража се бележат слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловоз додека на патниот правец Дебар-Маврово врнежи од дожд.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Можете да прочитате

Колку години треба да работите за да купите стан од 60 м²?

Андоновски: Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми

Од пријавени 248 гласале 242 болни или изнемоштени лица