Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар

Image 2026 02 01 202826446.png

Од 19.30 часот вечерва воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, соопшти АМСМ.

Од 19.40 часот се укина забраната на сообраќај за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец с.Шипковица-Попова Шапка воведена утрово од 9:20 часот поради врнежи од снег.

Намалена видливост од 100 метри поради магла има на планинскиот премин Плетвар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека, Буково, Плетвар и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица, Делчево и Смојмирово.

Можете да прочитате

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“