Утрински Весник
Магазин

Забележана црна дамка на Сонцето

Sonce.webp.webp

Изминатата ноќ на Сонцето е забележана црна дамка предизвикана од експлозија на водород, соопшти Лабораторијата за соларна астрономија при рускиот Институт за вселенски истражувања (ИКИ).

Експлозијата се појавила околу полноќ, според московско време, па црната дамка на Сонцето се проширила на дијаметар од околу милион километри, пренесуваат руските медиуми.

Сончевите дамки се делат на пет класи во зависност од јачината на рендгенското зрачење: A, B, C, M и X. Оваа појава може да предизвика магнетни бури на Земјата, што пак, резултираат со нарушувања во енергетските мрежи и со влијание врз миграционите рути на птиците и животните. Силните бури често доведуваат до проблеми со краткобрановата комуникација и навигациските системи, како и до нестабилности во напонот на индустриските мрежи.

Сè уште не постојат цврсти докази дека магнетните бури имаат директно влијание врз здравјето на луѓето. 

Можете да прочитате

Неколку причини зошто никогаш не треба да спиете со мокра коса

Што е „тивок развод“ – 24info.mk

Фитнес рутина што ве води до потенок струк за само неколку недели