Податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2023 година изнесува 8 875 771 илјада денари.
Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.01 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (28.31 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (20.93 %).
Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 62.23 %, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 37.77 %.
Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 4 381 994 илјади денари, односно 49.37 %.
Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 32.82 % се наменети за инвестиции, а 67.18 % се за одржување на средствата.
Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 88.47 %.