Утрински Весник
Скопје

За време на викендот подигнати 60 кубни метри отпад од диви депонии

Viber Image 2024 06 22 23 57 43 227.jpg

Во текот на изминатите два месеца, ЈП Комунална хигиена-Скопје се соочува со зачестена појава на  непрописно исфрлање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено на микролокациите каде што се поставени и садовите наменети за одлагање на комуналниот отпад.
Екипите на Претпријатието, за време на изминатиов викенд отстранија енормно количество отпад од диви депонии –  вкупно 60 кубни метри кабаст, градинарски и мешан комунален отпад одложен до контејнерите лоцирани на улиците Македонска војска, Борис Сарафов, Лука Геров, Воин Драшковиќ, Мирче Козар, Христо Батанџиев и Никола Пушкаров во скопската општина Ѓорче Петров, на улицата Васил Чакаларов во општината Карпош, како и на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди во скопската општина Чаир.
Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје уште еднаш апелираат да престане непрописното и несовесно исфрлање отпад на јавни површини, коешто резултира со создавање диви депонии,  а воедно директно ја загадува животната околина и го загрозува јавното здравје.

Можете да прочитате

Град Скопје ќе доделува субвенции за замена на азбестни покриви

Град Скопје: Граѓаните, но и приватните превозници се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ

Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови